Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција, со која се продолжува рокот на мировната мисија на ОН во Мали за една година, јави ДПА.
Со тоа се продолжува мандатот на 11.200 лица воен персонал и 1.440 полицајци во Мали до 30 јуни 2015 година.
Резолуцијата предвидува специјалниот претставник на ОН во Мали да помогне за започнување на мировни преговори меѓу владата и сите заедници во северниот дел на земјата.