Францускиот суд го потврди отпуштањето од работа на забулена жена

Од:

Највисоката судска инстанца во Франција, Касацискиот суд денеска го потврди како законско отпуштањето од работа на жена што носела шамија.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, со денешната пресуда Касацискиот суд оцени дека забулената Фатина Афиф не го почитувала внатрешниот правилник на детската градинка во која работела.

Имено, правилникот на детската градинка јасно кажува дека „принципот на слобода на совеста и вероисповеста не смее да биде пречка за принципот на секуларност и неутралност“.

Пресудата става крај на долгиот политичко-судски маратон, кој започна кога Фатима Афиф, по враќање од одмор одбила да ја извади шамијата, при што разменила тешки зборови со директорката на градинката, по што беше отпуштена од работа.

Судот кој ги решава споровите меѓу работодавците и вработените во декември 2008 отпуштањето од работа на Афиф го поддржа како законско, а таквата пресуда кон крајот од 2011 година ја потврди и Апелацискиот суд во Версај.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата