Европскиoт суд и нареди на Франција да ја запре евтаназијата на маж во кома

Од:

Европскиот суд за човекови права во Стразбур и нареди на Франција да го продолжи одржувањето на животните функции на Винсен Ламбер (38), кој последните шест години е во кома, се додека не се разгледа жалбата на неговите родители.

Со ваквата одлука на Судот се продолжува судската борба меѓу неговите родители и сопругата.

Ламбер, кој работел како медицински техничар во психијатриска клиника, е целосно парализиран и е во кома од 2008 година, по несреќа со мотоцикл. Агенцијата ДПА наведува дека тој се храни вештачки.

Неговите родители, сестра му и неговиот полубрат сакаат да продолжи неговиот живот, додека сопругата, негов роднина и лекарите бараат да запре грижата за него, согласно неговата желба од пред инцидентот.

Францускиот Државен совет, највисоката правна инстанца на Франција, вчера оцени дека грижата за него треба наново да се преоцени. Судот се повика на закон од 2005 година, што го забранува „бесмисленото одржување“ при лекувањето на терминално болните.

Венсан е во вегетативна состојба по преживеаните неповратни мозочни удари, оценија лекарите. Европскиот суд, меѓутоа, нареди да се продолжи неговиот живот се до завршувањето на судските спорови, ветувајќи дека случајот ќе се разгледа „по најбрзата можна процедура“. Но, порпарол на судот призна дека и итните процедури одземаат месеци, а во некои случаи можат да минат и две години.

Белгија, Швајцарија и Холандија го признаваат правото на смрт преку евтаназија, но таа не е законска во многу други земји низ светот. Франција ова прашаење го остави делумно нејасно, не дозволувајќи ја легализацијата на евтаназијата, но прецизира дека грижата за пациентите не треба да вклучува „прекумерна милост“.

Во Франција годишно се исклучуваат системите за животна поддршка на 25 илјади лица.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата