Марин Ле Пен нема да има парламентарна група вo Европскиот парламент

Од:

Претседателката на крајно десничарскиот Национален Фронт (НФ) не успеа да обедини доволно евроскептици за да создаде своја парламентарна група во Европскиот Парламент, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Веста ја соопшти нејзиниот сојузник од Холандија Герт Вилдерс кој заедно со Марин Ле Пен имаа склучено договор пред европските избори.

Последниот рок за регистрација на политичките групи во ЕП беше вчера, притоа беа потребни најмалку 25 европратеници од вкупно 751 од седум различни земји.

Бројот на пратеници за НФ не беше проблематичен, но проблематично беше обедиунувањето на евроскептиците кои често имаат антагонистички позициии. На НФ му недостигаа две партии од две земји, досега околу ФХ кој победи во Франција на европските избори се обединија ПВВ на Герт Вилдерс, ФПО од Австрија, Северната Лига и белгиската Влаамс Беланг.

Минатата недела другиот голем евроскептик Британецот Најџел Фарџ лидерот на УКП успеа да создаде парламентарна група, благодарејќи на Жоел Бержерон избрана под бојата на НФ, но која премина во оваа група.

Создавањето на парламентарна група дозволува поголема видливост во ЕП. Добивање на субвенции во висина од околу 30 милиони евра за пет години, можност да се биде известувач, да се поднесуваат амандмани, учество во конференцијата на претседателите итн.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток