Еден загинат при бомбашки напад пред полициска станица во Истанбул

Од:

Еден турски полицаец загина, а уште пет други лица се повредени денеска кога бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот што го носел на себе во дворот на полициска станица во северното истанбулско предградие Султангази.

Турските медиуми јавуваат дека конечниот биланс на загинати може да биде поголем, бидејќи повредените се наоѓаат во критична состојба.

При експлозијата се оштетени влезната врата и ходникот во влезот на полициската станица.

Полицијата го блокира реонот околу станицата и започна истрага со цел да го утврди видот на експлозивот со кој е извршен нападот, а во исто време се врши и преглед на снимките на безбедносните камери.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но медиумите претпоставуваат дека тој нејверојатно е дело на терористичката Курдска работничка партија (ПКК), иако не ја исклучуваат можноста зад нападот да стои и некоја екстремно левичарска или радикална исламистичка организација.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски