Мартин Стефановски е единствениот Македонец што држи национални рекорди во две држави

Од:

На 21 јуни, Академија Милорад Чавиќ го собори национален рекорд на 4х50 мешано пливање, во состав на Стефановски, Силаџи, Терзиќ и Лекиќ.

Стариот рекорд беше на Партизан 1.50.08, а новиот 1.47.19 на АМЧ.

Со ова пливачот Мартин Стефановски стана единствен Македонец во историјата на Македонија што држи национални рекорди во две држави.

Стефановски цела сезона плива за Академија Милорад Чавиќ:

„Со моите тренери Себастијан Хигл и Џеф Наталицио работев повеќе од пола сезона само за да ја вратам мојата форма, која после две години пауза можам да кажам дека се чувствувам спремен, како во старите добри времиња. И фала Богу, немам големи последици од повредите“, изјави пливачот.

Оваа сезона Стефановски е фокусиран на Европското Првенство кое ќе се одржи во Берлин од 19 до 24 август оваа година, а неговата главна цел се Олимписките игри во Рио во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска