Министерството за одбрана на Јемен и шиитските бунтовници постигнаа договор за прекин на огнот, по вчерашните судири што го зафатија главниот град Сана.
Откако не успеа постигнатиот на почетокот на минатиот месец мировен договор владините сили и племенските сојузници изминатата недела се бореа за запирање на напредувањето на шиитските борци на само 40 километри од главниот град.
Примирјето предвидува смена на воените и цивилни лидери во областите зафатени со борби, компензација на семејствата на жртвите и истрага за насилствата.
Најмалку 200 лица загинаа годинава во судири меѓу владините сили и востаниците, кои се залагаат за автономија и намалување на влијанието на САД во Јемен.