Францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел, го повикаа денеска претседателот на Русија Владимир Путин да придонесе за обновување на дијалогот на властите во Киев со проруските сили на исток во Украина заради прекин на кризата.
Во телефонски разговор меѓу тројцата лидери, Оланд и Меркел „повикаа сите страни во конфликтот да ги запрат непријателствата, а рускикот претседател да промовира продолжување на преговорите“.
Во соопштение се додава дека Оланд и Меркел ги имале предвид соопштенијата на Путин.
– Тие повторија за значење на фактот за обезбедување целосна контрола над руско-италијанската граница за да се спречи префрлање опрема и вооружени луѓе“, се вели во соопштението.