Раководството на Милан ја одреди цената што треба да ја плати Арсенал доколку сака во своите редови да го има Марио Балотели.
Според пишувањата во англиските медиуми Милан за својот напаѓач бара 30 милиони фунти, а премиерлигашот е подготвен да плати пет помалку.
Тренерот на „топџиите“ Арсен Венгер сериозно е заинтересиран во нападот да го има италијанскиот репрезентативец, а за такво нешто подготвиле неделна плата за Балотели од 180 илјади фунти.
Разврската околу евентуалниот трансфер на „Супер Марио“ во Лондон се очекува да се случи по завршувањето на Мундијалот во Бразил.