Уапсени пет лица во Франција за купување и продажба на бебиња од ромско потекло

Од:

Пет лица се уапсени во Нанси и Бастија во рамки на истрагата спроведена од полицијата во Марсеј за трговија со бебиња од ромско потекло, јави дописникот на МИА од Париз.

Истрагата започна пред повеќе месеци. Во септември минатата година двајца од организаторите на мрежата беа уапсени под сомневање дека продале едно бебе во Ажаксио во мај, а другото во Марсеј во јуни, на припадници на француски номади (припадници на ромско малцинство). Секое од бебињата било продадено за 10.000 евра. Двете лица беа затворени и обвинети за „трговија со луѓе“.

Во текот на оваа недела полицијата од Марсеј уапси една брачна двојка од номадската заедница со потекло од Нанси, за кои постои сомнеж дека купиле едно бебе и три други лица во Бастија кои се обвинети за продажба на бебето.

Бебето на возраст од околу една година е доверено на социјалните служби, додека родителите „посвојувачи“ се притворени и треба наскоро да бидат изведени пред судија.

Во Бастија на Корзика полицијата го уапси организаторот на продажбата и биолошките родители на детето.

Кон крајот на јули минатата година персоналот од Гинекологијата во Марсеј, каде се роди едно од двете продадени бебиња, изрази сомневање за постојаното присуство на родителите „посвојувачи“ околу младата мајка која живеела во една дива ромска населба во близината на Марсеј.

Брачната двојка, која објаснува дека не можела да има потомство, сепак  е обвинета за профитабилно наведување на  откажување, напуштање и провокација и лажно добивање административни документи  и сега се наоѓа под судска контрола.

Биолошката мајка на бебето, која има веќе пет деца, по породувањето се вратила во Романија.

Обвинителството појаснува дека при отворањето на досието било земено предвид обвинението за трговија со луѓе, бидејќи осомничените изгледа се појавиле како посредници истовремено кај брачните двојки кои не можат да имаат деца и кај жени кои биле социјално  и финансиски загрозени, на кои им предлагале да им го купат бебето.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата