САД, Франција и Германија повторно и се закануваат на Москва

Од:

Белата куќа соопшти дека лидерите на САД, Франција и Германија се согласија дека постои можност Русија да се соочи со нови санкции, поради неуспехот да ги намали тензиите на границата со Украина.

Во соопштението се наведува и дека по избивање на новите тензии во регионот, американскиот претседател Барак Обама разговарал со францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел.

-Лидерите се согласија дека САД и ЕУ ќе извршат дополнителни координирани потези, за воведување нови санкции за Москва, доколку Русија не преземе итни конкретни чекори за деескалација на состојбата на исток на Украина-се истакнува во соопштението на Белата куќа.

Инаку САД и ЕУ по присоединување на Крим со Русија, воведоа санкции против Русија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски