Употребата на таблет компјутерите како iPad на Apple или Galaxy Note на Samsung може да доведе до немирен, неспокоен и многу сиромашен ноќен сон – покажале истражувањата.
Иако се повеќе и повеќе луѓе ги земаат со себе своите таблети во спалната соба и пред спиење сурфаат на интернет, се прикачуваат на фејсбук или проверуваат електронска пошта, истажувањата покажале дека сините зраци кои ги емитуваат нивните компјутери ги спречуваат во добриот ноќен сон. Тоа се случува бидејќи ваквите зраци кои ги емитува копјутерот ја имитираат дневната светлина и го намамуваат мозкот дека сеуште е ден. Синитие светла го спречуваат мозкот да ја лачи супстанцата мелатонин, која му помага на мозокот да заспие.
Спротивно пак, светла како портокалово и црвено поткнуваат мозокот да ја лачи оваа супстанца. Во овие бои мозокот препознава дека денот се ближи кон својот крај, а сонцето се приближува кон својот залез.
Неуролозите одмана предупредуваа дека гледањето телевизија навечер, го спречува добриот сон, но ситуацијата сега е уште поопасна бидејќи таблетите се лесни за транспорт и создаваат уште поголема зависност од нив што луѓето почнаа да ги земаат со себе и во кревет.
Истражувањата на Lighting Research Centre од политехничкиот институт во Њу Јорк покажале дека гледањето во таблет постојано за време до два часа може да го доведе нивното на мелатонинот во сериозно мало ниво.
Научниците предупредуваат дека нарушувањето на добриот сон не е последица самоа посебе, туку таа по себе потегнува и сериозни болести како дебелината и ракот на дојка.