Францускиот претседател Франсоа Оланд оцени денеска дека бруталниот напад врз ромски тинејџер во париско предградие е „неопислив и неоснован“ чин, јави дописникот на МИА од Париз.
Во соопштение Оланд побара да се направи се за да се пронајдат одговорните за нападот поради кој 16-годишник, обвинет за провала, се бори за живот.
Тинејџерот беше пронајден во петокот навечер во маркет-количка претепан од страна најверојатно на десетина жители на станбен кварт во кантонот Пјерфит-сир-Сен, северно од Париз.
Тинејџерот според медиумите, неколку часа претходно провалил во стан во таа населба.
– Група од неколку луѓе го пронашла и однела насила, наведе полициски извор, додавајќи дека детето потоа било заклучено во подрум каде било и претепано.