Цибона се откажува од Евролигата

Од:

Шампионот на АБА лигата загребска Цибона до петок треба да се изјасни дали следната сезона ќе биде дел од Евролигата. Првите луѓе на градот Загреб се согласија да ги санираат долговите на Цибона, но и покрај тоа најверојатно загребскиот клуб нема да биде дел од елитното кошаркарско натпреварување во Европа.

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ смета дека не треба по секоја цена да игра во Евролигата.

– Ќе процениме добро што значи играњето во Евролигата, но јас сум против да играме и да биде само за подобрување на разликата на противниците. Во тој случај ќе ја градиме Цибона само од домашни играчи, на долги патеки. Пред две сезони Цедевита играше Евролига и имаше само трошоци, изјави Бандиќ.

Градоначалникот на Загреб ги информирал новинарите дека долгот бил нешто над 14 милиони евра, а останати се нешто под шест милиони.

Доколку Цибона се откаже од учеството постои можност Црвена Звезда наместо во квалификации да добие право на директно учество. Но, за сите прашања ќе решава бордот на Евролигата.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос