Ѓуровски задоволен од условите во Кина

Од:

Македонската репрезентација составена главно од играчи од домашниот шампионат се подготвува за првиот од двата натпревари против Кина кој се игра утре во Шенјанг со почеток во 13 часот и 35 минути по македонско време.

Селекторот Бошко Ѓуровски изрази задоволство од условите кои репрезентацијата ги има во Кина, а на состанокот со фудбалерите, тактичката поставеност на тимот за утрешниот натпревар беше главниот фокус.

– Условите кои ни ги овозможија домаќините се одлични. Во репрезентацијата за овие два натпревари се наоѓаат млади фудбалери кои имаат свои квалитети и се надевам дека имавме доволно време да се подготвиме и да одиграме добро на утрешниот натпревар. Кина е фаворит, ние сме со подмладен состав, но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме. Напротив, играчите се тие кои треба да го покажат и докажат својот квалитет и да сфатат дека ваквиот тип на натпревари може да им донесат само позитивни работи. Секако, позитивни и за нас доколку ме убедат дека имаат потенцијал и квалитет да ја зголемиме конкуренцијата пред почетокот на квалификациите за ЕП во Франција, изјави Ѓуровски.

Македонската репрезентација утре и на 22 јуни ќе ги одигра натпреварите против Кина во рамки на подготовките пред почетокот на септемвриските квалификации за Европското првенство 2016 година.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска