Надал не може да биде пријател со Ѓоковиќ

Од:

Светскиот рекет број 1 Рафаел Надал во изјава за „Марка“ вели дека не може да има ништо повеќе од коректен однос во моментов со неговиот најголем ривал Новак Ѓоковиќ.

– Тешко е да се биде пријател со некој кој ти е голем противник на теренот, а освен тоа и далечните места на живеење не дозволуваат чести контакти. Моите пријатели се од Мајорка и со нив секојдневно се гледам. Новак е или во Србија или во Монте Карло. Живееме во различни светови. Ако се гледаме во соблекувалните за време на турнирите не значи дека сме пријатели. Пријателите ги познавате од детството, изјави шпанскиот тенисер.

Надал додава дека и тој и неговиот конкурент се свесни дека во тенисот некогаш се победува, некогаш се губи и дека тоа е составен дел на спортот.

– Кога сте на теренот постои напнатост, тензија, но тоа не е лично туку на професионално ниво. Немам ништо против него и не можам ништо негативно да кажам за него, вели Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ