„Опел Инсигнија 2.0 ЦДТи“ за семејни луѓе

Од:

Возачите кои сакаат возбудливи автомобили, но од друга страна имаат и семејство кое мора да биде безбедно и да му се обезбеди комфор при патувањето, се принудени на многу компромиси при изборот на своите возила.

Се чини дека во таквите нивни желби им помогна компанијата „Опел“ кога го понуди моделот „Инсигнија“ со дволитарски дизел мотор со речиси 200 коњски сили, што на возачите им ја нуди потребната моќност и задоволување на нивната страст, а од друга страна ја дава неопходната безбедност при патувањето.

Првиот модел на Инсигнија се појави во 2008 година, иако концептот на вакво возило беше промовирано на саемот за автомобили во Франкфурт уште во 2003 година. До 2008 година моделот „Опел Вектра“ и неговата хечбек варијанта „Сингнум“, според многумина, беа конзервативно дизајнирани, па појавата на „Инсигнија“ со нејзините возбудливи линии беше дочекана со воодушевување од страна на купувачите.

Во текот на минатата година се појави најновиот модел на „Инсигнија“ – 2.0 ЦДТи Битурбо 195 КС Козмо, која претставува рестилизирана верзија на првите типови на „Инсигнија“ од чија платформа изминатите години се развија и Сааб 9-5 и Шевролет Малибу.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска