Македонските тенисери без поголеми промени на АТП листата

Од:

Македонските тенисери кои се активни овие недели на фјучрс турнирите немаат поголеми промени на најновата АТП листа објавена денеска.

Димитар Грабул и натаму има најдобар ранг 518 место со 68 поени и нема промена во однос на претхпдната листа.

Напредок од 10 позиции и еден бод повеќе има Томислав Јотовски, кој се наоѓа на 716.место со 31 поен.

Шендрит Деари има пад од 10 места и е на 1.152 место (7 поени).

Стефан Мицов е рангиран како 1.344 (4 поени), а Бесир Дургути 1.499 (3 поени).

Оваа недела дел од тенисерите ќе настап на неколку турнири. Грабул ќе игра во Лимелет, Белгија, каде е рангиран како носител број 5 и во првото коло противник му е Иво Мијиќ од Германија. Томислав Јотовски ќе настапи на турнирот во Стара Загора, Бугарија, додека на истиот турнир денеска мечеви од последното коло од квалификациите имаат Стефан Мицов и Бесир Дургути. Квалификациите во првото коло ги заврши Дамјан Домазетовски.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ