Чави ја напушта Барселона

Од:

Долгогодишниот фудбалер на Барселона Чави Ернандес следната сезона ќе ги брани боите на катарскиот клуб Ел Арабија, јавуваат шпанските медиуми.

Според овие информации Чави во новата средина ќе заработува 8,3 милиони евра годишно. Неговиот договор со Каталонците истекува летото 2016 година, но клубот дал дозвола тој предвреме да си замине.

Покрај 34-годишниот играч од средниот ред, Барселона сезонава ја напуштија уште двајца кои ја носеа капитенската лента. Тоа се голманот Виктор Валдес и дефанзивецот Карлес Пујол.

Чави своето деби во првиот тим на Барселона го имал пред 16 години, а со новиот клуб се обврза на тригодишна соработка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска