Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров смета дека оваа генерација не треба да се задоволува само со настапи на големи натпреварувања, туку треба да цели за повисок резултат.
– Од денес па натаму треба да сонуваме за што поголем пласман. Доста е со континуитет кој го имаме од 2009 година па наваму. Мора да одиме на повисоко место. Не смее повеќе да се залажуваме со десетти места затоа што имаме играчи од светски размери, играчи кои ги победувале и најдобрите на клупски план. Тој потенцијал мора да го искроистиме и со малку спортска среќа да одиме кон врвот, изјави Лазаров по синоќешниот дуел со Грција.
Македонија синоќа ја победи Грција со 35:23 и со две победи над јужниот сосед во баражот за „Катар 2015“, обезбеди четврто учество на Светските првенства.