Иџе победи во Полска

Од:

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе стигна до својата четврта победа во групата Н во шестата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки што се возеше во Лиманова, Полска.

На патеката долга 5.490 метри Иџе, со своето Митсубиши Ланцер Ево ИЏ, го сруши рекордот за групата Н и ги победи не само конкурентите од Европскиот шампионат, туку беше подобар и од комплетната полска елита која се натпреваруваше за нивното домашно првенство.

Македонскиот возач на оваа трка успеа да ги надмине проблемите со својот автомобил.

– На околу 100 метри пред целта пукна еден од клиповите и до крајот целото масло се излеа на патеката. Моторот е комплетно уништен, да не речам „за фрлање“. Потоа имавме проблем да го “дошлепаме“ возилото назад на целта каде што не чекаа за мерење, па повторно исто како и во Шпанија мереа дали целиот автомобил е по нормите на ФИА за група Н, што внесе дополнителна нервоза. Се на се, одличен пласман, одличен резултат, но овој дефект е вистинска катастрофа. Така што, по сударите во Чешка и ова што ни се случи во Полска – едвај чекам да се вратиме дома, вели Стефановски.

Иџе победи со вкупно време од двете возења од 4:52.339 минути (2:26.617 и 2:25.722). Зад него беа домашните возачи Марцин Слобоџиан (4:54.172) и Дамиан Лата (4:59.088), па дури потоа најголемиот конкурент за Европското првенство, Чехот Јиржи Лос кој заостана дури 7,5 секунди.

Во генералниот пласман, Иџе сега има вкупно 118 (од 125 можни), а Лос 94 поени. Зголемувањето на предноста се должи на подобриот пласман на Стефановски во Полска, но и на правилото на ФИА според кое по половина од сезоната се брише најслабиот пласман. Стефановски остана без 7,5 бода од Португалија, додека салдото на Лос е намалено со 12,5 поени од истата трка. Зад нив се претставниците од групата А, Кристијан Швајгер од Австрија и Јаромир Мали од Чешка.

Следната трка се вози за две недели во Асколи, Италија.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски