Опколена џамијата, која е под контрола на поранешниот претседател на Јемен

Од:

Јеменските сили денеска опколија џамија, која е под контрола на поранешниот претседател Али Абдула Салех, поради стравувањето дека тој планира државен удар, изјави претставник на јеменските власти.

Припадниците на гардата на претседателот Хади и оклопните возила го блокираа пристапот до големата џамија Ал Салех во јужниот дел на Сана. Утврдено е дека во таа џамија е складирано оружје, кое го чуваат вооружени луѓе, лојални на поранешниот претседател. Исто така е откриено и постоењето на тунел, кој од џамијата води до претседателската палата.

Неколку дена пред опколувањето на џамијата, властите ја забранија работата на весникот и ТВ каналот, Јемен денес, кои се во сопственост на Салех.

Салех владееше со Јемен 33 години, пред да биде принуден да поднесе оставка во февруари 2012 година. Тој беше заменет од долгогодишниот потпретседател Абдрабах Мансур Хади, врз основа на договорот под покровителство на Обединетите нации и земјите од Персискиот Залив.
Иако ослабнат Слаех е уште ја предводи влијателната партија Општ народен конгрес, а лојални му се и одредени елементи во јеменската армија.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида