Српската тенисерка Ана Ивановиќ триумфираше на турнирот во Бирминген откако во финалето во два сета ја победи Барбора Захлавова – Штрицова од Чешка.
Мечот во два сета со 6:3 и 6:2 во гемови го освои српската тенисерка.
Ова за Ивановиќ беше убедлив турнир бидејќи сите пет меча ги реши во два сета.
Ана Ивановиќ за првпат во својата кариера победи на турнир на тревна подлога. Ова за неа беше трета победа во 2014 година или вкупно 14-та турнирска победа.