(ВИДЕО) Маркизио и Балотели ја урнаа Англија

Од:

Селекцијата на Италија стигна до триумф на првиот натпревар на Мундијалот на кој ја совладаа Англија со 2:1.

Маркизио во 35. минута донесе водство за Италијаните, со убав шут од далечина, но радоста на „аѕурите“ траеше само две минути откако Стариџ израмни по одличното проигрување од Вејн Руни.

На стартот на второто полувреме Балотели постигна гол за 2:1 и првите три бода за Аѕурите.