Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев би можел кариерата да ја продолжи кај нашиот јужен сосед.
Како што пренесуват повеќе италијански медиуми, грчки ПАОК е сериозно заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец.
Пандев е во немилост на шпанскиот стратег на клупата на Наполи, Рафаел Бенитез и сосема е извесно дека во овој преоден рок ќе го напушти италијанскиот клуб.