(ВИДЕО) Повторно тепачка на кошаркарите на Партизан и Ѕвезда

Од:

Неславно започна финалната серија во плејофот во првенството на Србија помеѓу Партизан и Црвена звезда, откако поради тепачка помеѓу играчите на двата тима во последната четвртина мечот беше во прекин еден час.

Целиот хаос го започнале центарот на Партизан Никола Милутинов и бекот на Црвена звезда Демаркус Нелсон, потоа во тепачката се вклучиле Жо Ловерњ (Партизан) и Иван Раденовиќ (Ц.звезда).

Нелсон го фрлил на паркетот Милутинов, а на другиот крај од теренот се тепаа речиси сите (кошаркари, помошниците).

Потоа навивачите на Партизан дошле зад клупата на Црвена звезда и со столчиња започнале да фрлаат кон играчите.

Пред тепачката, на две минути до крајот на третата четвртина, тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ, незадволен од судењето ги повлекол своите играчи од теренот. По десет минути тој го вратил тимот на теренот.

Натпреварот имаше бизарен крај откако по тепачката и паузата од еден час, поради празнење на салата, Партизан продолжил со тројца. а Црвена звезда со петмина кошаркари.

Конечниот резултат на натпреварот е 97-88 со што Ц.звезда поведе со 1-0 во серијата.