Николиќ: Останувам во Вардар за да ја освојам Лигата на шампионите

Од:

Ракометарката на Вардар СЦБТ и поранешна македонска репрезентативка Јулија Николиќ го продолжи договорот на уште една сезона, соопштија денеска од таборот на македонскиот шампион.

Средниот бек на Вардар СЦБТ е задоволна од постигнатиот голем успех во ЛШ, односно освојување на 3.место во дебито на „црвено-црните“ во елитното натпреварување.

– Постигнавме одличен успех оваа сезона, посебно во најсилното европско клупско натпреварување. Можеби можевме и да стигнеме до врвот, но ова е дебитантска сезона за нас и сметам дека е постигнат огромен успех, бидејќи воопшто не е лесно толку многу нови ракометарки, кои за прв пат играат заедно да ги вклопите во еден компактен тим, каков што беше Вардар СЦБТ оваа сезона, изјави Николиќ.

Таа има големи очекувања за следната сезона и се надева дека ова ќе биде трета среќа за неа и дека конечно ќе ја освои титулата во Лигата на шампионите.
– Добро е што голем дел од ракометарките кои што играа оваа сезона ќе настапуваат и следната, а ако кон тоа ги додадеме и новите засилувања, со кои што очекувам подобрување на играта, мислам дека имаме големи шанси да ја освоиме Лигата на шампионите. Тоа е и главната причина поради која што се одлучив да го продолжам договорот уште една сезона. Очекувам следната сезона конечно да ја освојам Лигата на шампионите. Ако се случи тоа, тогаш ќе ја завршам мојата кариера, вели Николиќ во изјавата за клупската веб страна.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa