Дидие Дрогба ги договори сите детали за следната сезона да ги брани боите на Јувентус, јавија денеска турските медиуми.
Се очекува актуелниот член на Галатасарај да потпише двегодишен договор со италијанскиот шампион и да заработува 4,5 милиони евра по сезона плус премии за остварени успеси.
36-годишниот Дрогба играше и за Ле Ман, Генгам, Олимпик Марсеј, Шангај Шенхуа и Челзи со кого ја освои Лигата на шампионите. Репрезентативец е на Брегот на Слоновата коска за која има 101 настап и постигнато 65 голови.