Македонската женска ракометна репрезентација на гостувањето во Германија доживеа убедлив пораз од 31:16.
Во натпрвевар без резултатско значење, Германките прашањето на победникот го решија уште во првата третина од првото полувреме кога стекнаа предност од 5-1 и 10-3, а по 30 минути игра резултатот беше 14-5.
Зорица Десподовска со девет голови била најефикасната ракометарка на Македонија.
Од Групата 7 на ЕП покрај Германија ќе игра и Русија. Македонија во овој квалификациски циклус ги загуби сите четири средби, од Германија 21-23 и 16-31 и од Русија 23-36 и 24-31.