Започна трката 24 часа Ле Ман

Од:

Започна овогодинешното издание на трката 24 часа Ле Ман. Екипажот на првата постава на Тојота тргна од пол-позицијата составена од Казуку Накаџима од Јапонија, Александар Вурц од Австрија кој во зи прв и Стефан Саразан од Франција.

Зад нив се од тимот на Порше, додека пак трети се од втората постава на Тојота.

Тешко дека пол-позицијата има пресуден значај во борбата за титулата на трката што трае 24 часа, но возачите потенцираат дека тоа е извонредна можност за проверка на деталите во перформансот на возилото, како и за зголемување на самодовербата.