Промовирана книгата „Имагинарни музеи“ од Владимир Мартиновски

Од:

Книгата „Имагинарни музеи“ од Владимир Мартиновски денеска беше промовирана во Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации „Иналко“ во Париз. Делото го издаде издавачката куќа „Ларматан“, а беше објавено во 2009 година на француски јазик.

Се работи за компаративна студија во која се проследува дијалогот меѓу поезијата и сликарството, преку анализа на поетски дела од шест поети од три различни литературни традиции: француската (Шарл Бодлер и Ив Бонфоа), американската (Вилијам Карлос Вилијамс и Џон Ешбери) и македонската (Славко Јаневски и Влада Урошевиќ).

– „Имагинарни музеи“ е суштествена книга за подобро да се разберат интеракцијата и проникнувањето на поезијата и на ликовните уметности, смета проф. д-р Еди Бурауи.

Промоцијата е во организација на Центарот за балкански студии во рамките на ИНАЛКО, а по иницијатива на професорката Фроса Пејовска-Бушро.

Би можело да ве интересира

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“