Француски лекар на суд поради еутаназија

Од:

Франсцускиот лекар, Никола Бонмесон од градот Пу е изведен пред суд, поради обвинение за труење, односно затоа што дозволил со смртоносни инјекции да бидат усмртени седум пациенти, кои немале можност да бидат излекувани.

Судењето се одвива во време кога во Франција се расправа, за тоа дали треба да се легализира еутанзијата или да се ублажат законите кои го регулираат лекувањето на луѓе со неизлечиви болести.

– Бонмесон ќе се соочи со доживотен затвор, доколку биде прогласен за виновен, вели неговиот адвокат.

Патрисија Дуг, сопруга на еден од починатите пациенти, која изјави дека лично го замолила Бонмесон да му помогне на нејзиниот сопруг, смета дека тоа што Бонмесон го правел е добро.

Таа за француска телевизија изјави дека какво било казнување на Бонмесон ќе и создаде „голема болка“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата