Светскиот првак ќе заработи 25,7 милиони евра

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го зголеми паричниот награден фонд за учесниците на Мундијалот во Бразил.

Во однос на шампионатот во Јужна Африка, учесниците на СП во Бразил ќе поделат 422 милиони евра односно два повеќе во однос на првенството во пред четири години.

Светскиот првак ќе заработи награда од 25,7 милиони евра, додека финалистот 18,3 милиони евра.

Третото место ќе донесе награда од 16,1 милион евра, а четвртото 14,6 милиони.
Предвидени се и премии за сите учеснички на Мундијалот.

Селекциите кои ќе го завршат настапот по првата (групна) фаза, ќе добијат по 5,8 милиони. Оние кои ќе играат во осминафиналето ќе поделат по 6,6 милиони, а пласманот во четвртфиналето ќе биде награден со 10,2 милиони евра.

ФИФА го зголеми и паричниот фонд да клубовите од кои доаѓаат играчите на Мундијалот на 50 милиони евра, додека фондот за осигурување на фудбалерите во случај на повреди сега изнесува 70 милиони евра.

Сепак ако се земе во предвид приходот кој ќе го има ФИФА од СП во Бразил, а кој ќе изнесува речиси 3,6 милијарди евра, расходната сума од 1,7 милијарди евра и нема така многу да ја „осиромаши„ Светската фудбалска асоцијација.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска