Ивановски: Широкопојасен интернет за 80 отсто од населението до 2018

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација пред учесниците на Светскиот самит за информатичко општество, што се одржува во Женева, ги претстави владините цели за наредните четири години, со кои дополнително ќе се придонесе во развојот на информатичкото општество во Македонија.

– Наша цел е 80 проценти од населението во Македонија до 2018 година да биде покриено со широкопојасен интернет со брзина од 100 Mbs. Потоа, бројот на домаќинства кои користат интернет да достигне 90 проценти до 2018 година,  најмалку 33 проценти од малите и средни претпријатија да ги продаваат своите производи он-лајн , да се намалат роаминг трошоците, како и да се зголеми бројот на е-услуги, најави Ивановски.

Тој информира дека повеќе од 25.000 луѓе годишно во главниот град ги користат предностите на едношалтерскиот систем и не мора да одат од еден шалтер на друг, од една до друга канцеларија.

– Ние сме во процес на надградба на овие услуги, со што повеќето од нив ќе може да се направат он-лине со користење на електронски потпис. Исто така, Македонија успешно го спроведе вториот акциски план за Отворено владино партнерство, со кој Владата ќе им овозможи на граѓаните бесплатно користење на податоците кои се од нивни интерес. Приватниот сектор користејќи ги тие податоци може да креира апликации или услуги, рече во обраќањето на Самитот Ивановски.

Македонија, додаде, минатата година успешно го спроведе и процесот на дигитализација, односно преминот од аналогна во дигитална телевизија. Од аспект на широкопојасниот интернет Ивановски напомена дека пред четири години започна реализацијата на проектот за бесплатен Wi-Fi интернет во 680 рурални средини, со цел да им се овозможи и на граѓаните во најоддалечените области користење интернет.

На Самитот чиј домаќин е Меѓународната телекомуникациска унија,  учествуваат претставници на владини институции, приватниот сектор, невладини и меѓународни организации.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски