Серија напади врз далноводи го оставија цел Јемен без струја. Министерството за електростопанство на арапската држава соопшти дека бунтовниците ги нападнале далноводите покрај патот, што ја поврзува престолнината Сана со Мариб.
Тоа довело до неодложно запирање на струјата во понеделникот утрото во целата 23-милионска држава.
Јемен неколку пати во последните години останувал без струја. Затоа многу станбени и стопански објекти во земјата се снабдија со генератори на дизел. Овој пат исламистите нападнаа и многу цистерни кои ги снабдуваат бензиските пумпи со гориво.
Јемен десетина години се бори со исламистички бунтовници, кои се поврзани со терористичката мрежа Ал каеда.