Околу 25.000 делегати од светот на собирот за климата во 2015 година во Франција

Од:

Околу 25.000 претставници од 195 држави се очекуваат во крајот на идната година во Париз на конференцијата на ОН за климатските промени.На неа треба да биде постигнат договор за ограничување на загревањето на планетата, најави францускиот шеф на дипломатијата Лоран Фабиус.

– Конференцијата би требало да се одржи од 30 ноември до 11 декември 2015 година, додаде Фабиус за време на посетата на Бурже, близу Париз каде ќе биде тој собир.

На последната конференција на ОН за климатските промени одржана во минатиот декември во Варшава, учествуваа 12.000 делегати.

Франција како држава-домаќин веќе вложува интензивни дипломатски напори за да биде постигнат договор бидејќи според Фабиус, „треба да се дејствува денес за да се избегне утре катастрофа“.

Во Бон до 15 јуни се одржува собир на кој се усогласува содржината на тој договор. Во првата половина од 2015 година најдоцна, секоја држава би требало да најави колку има намера да придонесе за глобалните напори за намалување на емисијата на штетни гасови, и на кој начин.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата