Жената која имала сексуални односи со делфин стана предмет на документарен филм на Би Би Си.
По повеќе од 50 години, Маргарет Хоув Ловат одлучи отворено да проговори за, како што го опишува „необичниот однос во младоста“ кога во 1963 година се согласила својата куќа на Девствените осторви да ја претвори во делфинариум за потребите на истражување кое го правела НАСА, и во кое се проучувала комуникацијата на тие животни и обидот да се комуницира со нив.
Овој експеримент заврши трагично за несреќните животни, а години потоа беа наведувани како класичен пример за злоставување на животни.
Сега, 50 години потоа, Би Би СИ одлучи за неа да сними документарец и да и дозволи да ја раскаже приказната. “Девојчето кое зборуваше со делфини“ е филмот кој премиерно ќе се прикаже на Фестивалот за документарен филм во Шефилд во среда.
-Беше тоа турбулентно време на сексуалната револуција, а јас бев оворена за се што ме снајде во животот – вели Маргарет.
Кога во нејзината куќа стигнал делфинот Питер таа го опишува како „животно кое сексуално созревало“. Со него поминувала многу време и така се повеќе физички се зближиле.