Саркози на работ на дипломатски инцидент со Швајцарија

Од:

Поранешниот француски претседател Никола Саркози за малку ќе предизвикал дипломатски инцидент во Швајцарија, каде учествувал на Швајцарскиот економски форум во Интерлакен, објави денеска швајцарскиот весник „Матан“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Саркози, кој бил поканет да зборува пред 1.350 бизнисмени, научници и политичари на економскиот форум во Интерлакен, се впуштил во нагласена критика на швајцарскиот политички систем, при што бил прекинат од поранешниот претседател на Швајцарија, Адолф Оги.

Весникот „Матан“ пишува дека Саркози за време на неговата интервенција побарал да не присуствуваат новинари за да не му поставуваат прашања и да не прават фотографии. ШПоради тоа, од неговиот настап била пренесена само една вест во која зборува за неговата судбина и евентуалното враќање во политиката

„Матан“ пишува дека оваа дебата се претворила во „аун мен шоу“ на Саркози, што не им се допаднало многу на швајцарските политичари присутни на форумот. Имено, Саркози почнал да го критикува федералниот систем на Швајцарија и нејзиното невелегување во Европската Унија, оценувајќи дека земја не може да биде раководена од претседател кој се менува секоја година, како и дека системот од седум федерални министри е неефикасен.

Весникот не цитира ниту еден од зборовите на Саркози, но Оги повтрдува дека тој го прекинал говорот на поранешниот француски претседател „за да си ја одбрани земјата“. – Отиде предлаеку. Требаше да му се каже стоп. Го прекинав, вели поранешниот претседател на швајцарската конфедерација за „Матан“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата