Американецот Брус Кемпбел, кој претворил еден стар „Боинг 727“ во свој дом од соништата, сега планира да направи нов и тоа во Јапонија, а пикот е фрлен на еден „пензиониран Боинг 747“.
Кемпбел (67) „својот дом од соништата“ го направи од еден стариот авион во предградие на Портланд, каде минува шест месеци во годината.
Овој инженер по електротехника во 1999 година имаше визија: спасување на напуштените авиони. Тој тоа го виде како своја животна цел.
– Сакам да го променам однесувањето на луѓето во оваа специјализирана област, вели тој.
Тој е еден од малата група луѓе ширум светот чии членови ги трансформирале леталата во животен простор или во други креативни проекти, но не постојат прецизни податоци колку авиони се спасени на ваков начин. Се проценува дека секои три години во светот се размонтираат меѓу 1.200 и 1.800 авиони.
Кемпбел бил во раните дваесети години од животот кога платил околу 23.000 долари за околу 400 ари плац на кој е сместен неговиот авион. Оригиналниот план, бил да направи куќа од расходовани комбиња, но потоа одлучил дека авионот е подобра опција.
Сега, по многу годинi работа и потрошени околу 220.000 долари на проектот, тој планира да купи „Боинг 747“ и да се пресели во Јапонија, каде исто така минува шест месеци во годината. Додека не го адаптира авионот, ќе мора да живее во приколка.
Ниту во авионот не води особено луксузен живот: нема струја, се капи во монтажна туш кабина, а јаде главно конзервирана храна и житарки.