Почина најстариот маж на светот на 111 години

Од:

Александар Имич (111) почина денеска во 9:03 часот во својот стан во Њујорк додека неговите пријатели Мајкл Манион и Триш Корбет се грижеле за него.

Д-р Александар Имич е роден на 4 февруари 1903 година, а токму таа година браќата Рајт го направија првиот лет со авион. Тој титулата на најстар човек на светот ја презеде од Артури Ликате кој почина во 112. година.

Во интервју за агенцијата Ројтерс, Александар својата долговечност велеше дека се темели на добрите гени, како и на тоа што никогаш немал деца.

-Мојот татко живееше над 90 години, така што имам добри гени, а и многу внимавав на чистотата. Посакувам да остварев уште некои работи во животот, но не можам да ви кажам што точно – објасни тогаш.

Тој е роден во Полска од каде во 1951 година емигрирал во Конектикат со сопругата Вела. Се бавел со хемија и подоцна со парапсихологија, а последната книга ја објавил пред речиси 20 години во својата 92 година од живот.

Немал деца, се бавел со атлетика и избегнувал алкохол. Александар Имич беше најстар маж на светот, а моментално има 66 жени кои се постари од него.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ