Во Франција во 32 департмани метеоролошките служби ги предупредија граѓаните за можно силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и ветер со брзина од 130 км/час, јавува дописникот на МИА од Париз.
Предупредувањето е издадено по вчерашниот прв бран невреме кој ги зафати Вал д’Оаз и Ивлин, каде беше предизвикана голема материјална штета, поради силниот пороен дожд, пропратен со град кој на места имаше големина на топки за тенис или голф.
Новиот бран невреме се очекува попладнево.