Шампионот во НБА лигата Мајами ноќеска успеа да постигне победа на теренот на Сан Антонио и изедначи на 1-1 во финалната серија која се игра до четири победи. „Жешките“ славеа предводени од Леброн Џејмс со 98:96 (26:19, 17:24, 35:34 и 18:21).
Во последните две ипол минути Мајами направи серија од 6:0 и водството на противникот го претвори во победа, а потоа домаќинот со тројка само го ублажи поразот.
Џејмс, кој претходниот натпревар го заврши предвреме (поради повреда) на овој дуел постигна 35 поени со шут од игра (14/22) без промашување за тројка и притоа имаше 10 скокови. Крис Бош постигна 18 поени (тројка во последните две минути), а Двејн Вејд и Рашард Луис реализираа по 14 поени.
Кај Сан Антонио Тони Паркер со 21 поен беше најефикасен.
Серијата натпревари се сели во Мајами. Следните три се играат на теренот на шампионот, а ако е потребно потоа уште два во Сан Антонио.
Натпреварот број 3 од финалето на програмата е ноќта вторник кон среда.