Во видеото објавено на интернет страницата на Националниот Фронт (НФ), но која не беше достапна денеска, Жан-Мари ле Пен отворено ги нападна уметниците кои имаат заземено позиција против НФ: Ги Бедос (хуморист), Јаник Ноа, Мадона, споменувајќи го и пејачот и глумец Патрик Бруел кој е Евреин.
– Ќе наполниме нова фурна идниот пат, вели во смеа почесниот претседател на НФ.
Во соопштението на СОС Расизам е најавено дека оваа невладина организација ќе поднесе тужба против Жан-Мари Ле Пен, кој веќе беше осудуван за вакви и слични антисемитски испади, јавува дописникот на МИА од Париз.
Имено, Жан-Мари Ле Пен веќе беше осудуван за предизвикување на расна омраза и оспорување на злосторство против човештвото, посебно откако оцени дека „гасните комори во нацистичките концентрациони логори се детал во историјата“ – или играта на зборови со крематориумите.
„Стратегијата на одбрана на десно екстремистичката партија која го мете патот и антисметските и расистичките испади на историскиот лидер на партијата, нарекувајќи го истиот како нелегитимен и дека тој не го претставува движењето не се одржливи“ – смета СОС Расизам, според кој одговорните на НФ треба да ја преземат одговорност за омразата во нивната идеологија“.
Вториот човек на НФ, Луи Алио (европратеник) и животен придружник на Марин ле Пен (ќерката на Жан-Мари Ле Пен) оцени дека новиот испад на Жан-Мари Ле Пен политичики е глупав и ужасен.
Но оваа реакција на НФ, според СОС Расизме е „маскарада“, „или одговорните на актуелниот ФН се неспособни да раководат со нивната партија, а сакаат да раководат со Франција или на поубедлив начин, се работи за хипокризија, односно дистанцирање наспроти полемиката која расте по најновиот испад на Жан-Мари ле Пен во моментот кога тие ја воспостатвуваат нивната стратегија за дедиаболизација на партијата“.