(ВИДЕО) Прва средба на Барак Обама и Владимир Путин по украинската криза

Од:

Претседателите на САД и Русија Барак Обама и Владимир Путин имаа краток разговор на маргините од одбележувањето на Седумдесет годишнината од Десантот во Нормандија, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во соопштението од Елисејската палата се наведува дека двајцата претседатели оствариле куса средба во холот на замокот Беновил, каде се одржа свечениот ручек за шефовите на држави или влади.

Засега не се дадени никави дополнителни информации за содржината на разговорите, но како што може да се претпостави тие сигурно разговарале за ситуацијата во Украина.

Претходно, францускиот претседател Франсоа Оланд успеа да иницира средба меѓу рускиот и украинскиот претседател. Владимир Путин и Петро Порошенко разговарале околу 15 минути во замокот Бенувил. Според соопштението од Елисејската палата, нивниот разговор се однесувал на можните мерки за де-ескалација на кризата. Москва би можела да го признае изборот на Порошенко. Според информациите од Елисејската палата во наредните денови би можело да се дискутира и за прекин на огнот во Украина.

Додека Франсоа Оланд ги дочекуваше гостите на свечената трибина, германската канцеларка Ангела Меркел постојано се движеше меѓу претседателот Путин и претседателот Порошенко, како да сака да го одржи штотуку воспоставениот дијалог, оценуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“