Франсоа Оланд вечерва два пати ќе вечера, еднаш со Обама и уште еднаш со Путин

Од:

Шефот на француската држава Франсоа Оланд и домаќин на одбележувањето на Денот Д, вечерва во Париз ќе има две одвоени вечери, еднаш со американскиот претседател Барак Обама и уште еднаш со рускиот претседател Владимир Путин, јавува дописникот на МИА од Париз.

„Дипломатски и дигестивен предизвик“ – иронизира британскиот „Телеграф“ за оваа едноподруга вечера на Франсоа Оланд.

Прво, вечерва во 19 часот Барак Обама ќе биде примен во еден париски ресторан. Според Елисејската палата, на „менито“ ќе се најдат ситуацијата во Украина, Сирија, Африка борбата против тероризмот и се разбира случајот со француската банка БНП Париба на која американските судови ризикуваат да изречат казна од 10 милијарди долари.

oland-putin02

Следната вечера е во 21 часот меѓу Франсоа Оланд и Владимир Путин, а на „менито“ ќе биде кризата во Украина и односите меѓу Русија и Европската Унија.

Барак Обама и Владимир Путин ќе се сретнат само на утрешниот свечен ручек во замокот Беновил во Нормадија, а потоа и на комеморацијата на седумдесет годишнината од Денот Д во Оуистрехам во Калвадос- Нормандија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм