Оланд: Франција ќе ги испорача бродовите „Мистрал “ на Русија, ако не бидат воведени европски економски санкции

Од:

Франција ќе ги испорача двата носачи на хеликоптери „Мистрал“ на Русија, доколку не бидат воведени европски економски санкции кон Москва, изјави пред вчерашната средба на Г-7 во Брисел претседателот на Франција Франсоа Оланд.

– Франција ќе го исполни својот договор и не гледа основа да не ги испорача бродовите во предвидениот рок. Се разбира во случај на вонредни околности, ако на Русија и бидат воведени европски економски санкции, тогаш ситуацијата е различна. Но, во спротивно Франција ќе ги исполни обврските, нагласи Оланд.

Според Оланд, како што јави ИТАР-ТАСС, таа обврска произлегува од договор склучен во 2011 година. – Тој беше и останува во сила. До денес нема никакви санкции од трета фаза во однос на Русија. Значи договорот останува да важи. Ако до октомври не бидат воведени никакви нови санкции, бродовите ќе и бидат испорачани на Русија, истакна Оланд.

Францускиот претседател додаде дека не треба да се заборави дека раскинувањето на договорот предвидува компензација од „многу милијарди евра“.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска