Полицијата во Франција во париското предградие Сен Дени уапси шест лица по потекло од поранешна Југославија, меѓу кои и еден српски државјанин, поради шверц на калашникови и друго оружје и експлозив, наменет за мафијата и гангстерските банди во сиромашните и имигрантски квартови.
Според извори од судот, веќе е одреден притвор за сите шестмина уапсени. Инаку апсењата се резултат на истрагата која започна кон средината на април, кога беше откриен шверц на оружје од балканските војни.
Извор од француската полиција раскажува дека станува збор за оружје кое првенствено го користат банди во поголемите градови и метрополи и дека цената на калашников во француското подземје се движи од 500 до 1.000 евра.
Освен оружје во становите на уапсените, полицијата запленила и наркотици, меѓу кои четири килограми смола од канабис, но и 5.500 евра.
Е. Г.