Најмалку 120 луѓе загинаа денеска во северниот дел на Јемен во судири меѓу шиитските бунтовници Хути и владините безбедносни сили.
– Во воздушниот напад на јеменските сили врз позиции на Хутите во провинцијата Омран, како и при судири на војската со бунтовничките сили, убиени се околу 100 бунтовници. Во борбите загинаа и 20 војници, изјави заменик-гувернерот на оваа провинција Ахмед ал Бекри.
Тензиите во Омран се зголемуваат бидејќи Хутите се обидуваат да го зајакнат своето присуство со напади врз безбедносните сили.
Бунтовниците се против планот за федерализација кој е постигнат во февруари по националните преговори, водени согласно политичката транзиција на Јемен, сметајќи дека со него државата ќе биде поделена на богати и сиромашни региони.