Градска Плажа „Парк“ во ново руво- официјално отварање на 4 јуни

Од:

Градската Плажа „Парк“, која се наоѓа на кејот на Вардар веднаш зад дискотеките во градскиот парк во Скопје, од 4-ти овој месец  ќе почне да работи со сосема нов концепт, но и со променет изглед.

– Долго време се работеше на плажата, на нејзината конструкција, но и на начинот на кој ќе функционира ова летно катче каде што скопјани ќе можат секојдневно да уживаат во спортско-рекреативни активности како и во различна музичка програм, велат од тимот кој стои зад Градска Плажа „Парк“.

Денска и ноќна шема, достапни цени за сечиј џеб како и музика од сите жанрови е она што плажата ќе им го понуди на граѓаните. Опуштен понеделник со реге музика, баскет во среда или пак хаус журка во сабота, изборот останува на посетителите.

gradskaPlaza (1)

Свеченото отварање е на 4 јуни со почеток во 20:00, влезот е бесплатен, а за посетителите да бидат разиграни ќе се погрижат голем број бендови и диџеи од Македонија кои ќе направат забава до доцна во ноќта. За забава ќе се погрижат и уличните артисти, учесници на Баскерфест 2014 кои ќе го најават и почетокот на Фестивалот во Скопје, кој е закажан за 6 јуни, а ќе трае се до 14 јуни.

Од менаџерскиот тим на плажата посочуваат дека е планирано еднаш месечно да се одржува по еден поголем настан со познати музички имиња од странство, а од понеделник до недела секојдневно се планирани различни тематски забави. Покрај тоа за сите рекреативци во паркот и на кејот на плажата постои место за продажба каде што ќе можат да се освежат и да одморат по рекреирањето.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски