Плејмејкерот на Сан Антонио Тони Паркер се надева дека ќе биде подготвен за финалната серија од НБА плеј офот против Мајами. На натпреварот број 4 од финалето на Западната конференција со Оклахома Сити, Паркер го повреди скочниот зглоб на левата нога, а на следниот дуел повредата беше во уште полоша состојба.
Најдобриот играч од последното Европско првенство Французинот Паркер, веќе неколку денови е на интензивни терапии, како би можел да биде подготвен за финалето.
Паркер во својата кариера трипати со Сан Антонио освоил шампионски прстен. Првиот натпревар од финалето во НБА лигата се игра на 5.јуни во четврток навечер.